Студијава дава оценка на политиките за привлекување на странски директни инвестиции кои се применуваа во Македонија во периодот 2007-2015 година. Составена е од два дела. Првиот дел дава
преглед на движењето на странските инвестиции во Македонија во овој период, се осврнува на политиките за привлекување и поддршка на странските инвестиции кои беа применувани, и прави обид да ги процени директните трошоци и ефекти на овие политики.
Вториот дел се осврнува на работните услови и работничките права во странските инвестиции, низ призма на резултатите од теренското истражување кое беше направено во рамки на оваа студија, кое се состоеше од интервјуа со работници од петте најзначајни странски фабрики.
Наодите од студијата се дека македонската влада во периодот 2007-2015 година дала 160 милиони евра за привлекување и помагање на странските инвестиции. Дваесет и пет странски фирми добиле државна помош во овој период. Овие фирми на крајот на 2015 вработувале вкупно 12600 работници, што значи дека државата потрошила околу 12600 евра по вработен работник.
Средствата кои овие фирми ги исплатиле за плати на работници во целиот овој период изнесуваат 92 милиони евра, што е значајно помалку од она што државата го потрошила. Во истиот овој период, нето добивката на помаганите фирми изнесувала 235 милиони евра, односно, два и пол пати повеќе од платите на работниците.
Што се однесува до работните услови, сите анализирани фирми првенствено вработуваат со договори на определено време, што генерира неизвесност и страв кај работниците, што пак има дисциплинирачки ефект врз нив. Во сите фирми интервјуираните работници сметаат дека работата е тешка, дека нормите се високи и дека не се платени сразмерно на вложениот труд. Во ниедна од фирмите нема синдикат и работниците сметаат дека работодавачите би санкционирале обиди за синдикално организирање. Во една фирма има пример кога работници кои се обиделе да се организираат за да одбранат одредени свои права, биле избркани од работа.

Во сите анализирани фирми работниците истакнале дека има примери на кршење на одредени работнички права. Најчести примери на кршење на права се мобингот, неплаќањето на работата за време на викенди, наметнување да се работи за време на викенди или празници и неможноста да се користи ден
од одмор. Присутни се и примери на ограничување на слободата на говор, на ограничување на слободата за извршување на одредени физиолошки потреби и на неинформирање на работниците за одредени здравствени ризици.
Студијата идентификува вкупно пет препораки.
Прво, треба да се прекине со политиките на издвојување огромни државни средства за привлекување и помагање на странски инвеститори, затоа што директната корист на македонските граѓани од овие политики е значајно помала од директни трошоци.Второ, треба да се промени законската регулатива во насока на поголема заштита на работниците. Конкретно, потребно е да се скрати максималниот период на вработување со договори на определено време, кој сега изнесува 5 години, за да се намали стравот од губење на работното место. Потребно е и да се укинат рестриктивните одредби за организирање на штрајк и да се олесни синдикалното регистрирање и работење.
Трето, треба да се зголеми фунционалноста и професионалноста на државните институциите задолжени за заштита на работничките права, пред сè на Државниот инспекторат за труд и на судовите, затоа што се идентификувани примери на нивно целосно потфрлање.
Четврто, треба е да се зголеми социјалната сигурност, преку покачување на социјалната помош или воведување на гарантиран приход, за да се намали трошокот од губење на работата, со што работниците ќе бидат поохрабрени да се борат за своите права.
Петто, треба да се зголеми класната свест на работниците, преку соодветни обуки, за тие да сфатат дека колективното организирање и дејствување е најдобриот начин за остварување на правата.