ПОЛИТИКИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД И СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
![](http://stage.rosalux.rs/sites/default/files/images/publications/Radna%20politika%20i%20siroma%C5%A1tvo_Naslovnica_0.png)
Половина декада земјите во светот се справуваат со последиците од глобалната економска криза и од неретко контрапродуктивните економски политики применети за време на кризата, кои придонесоа за дополнителни негативни ефекти врз дел од економиите и нивно пролонгирано закрепнување. Финансиската криза во САД од 2007 година брзо се прелеа и во останатите развиени економии во светот, прерасна во глобална економска криза која предизвика нестабилност на финансиските пазари, силен пад во производството, вработеноста, приходите и поттикна дополнителен раст на дефицитите и државниот долг на земјите. Растот на невработеноста, сиромаштијата и продлабочувањето на нееднаквоста ги погодија речиси сите земји во светот, но посебно силно се одразија кај земјите во развој и земјите од југот на Европската Унија (ЕУ) кај кои се наметнаа силните мерки на штедење.