ОБЕЗВРЕДНУВАЊЕ НА ТРУДОТ - 2

Subtitle: 
АНАЛИЗА НА ТРУДОВО-ПРАВНАТА ЛЕГИСЛАТИВА ВО ПЕРИОДОТ 2010-2014

Транзицијата кон пазарната економија и почетокот на неолибералниот проект во кој акумулацијата и максимизацијата на профитите беше правопропорционално поставена со девалвирањето на трудот значеше дека голем број на работнички права кои беа гарантирани и заштитени во претходниот социо-економски систем, ќе доживеат огромно потиснување, девалуирање и само номинално ќе фигурираат во законодавството. Трката по создавање на погодна бизнис клима и зголемена економска компетитивност и покрај сите свои ветувања за подобрување на положбата на работникот, доведе до создавање на една мала група транзициски добитници поставена наспроти армијата на
отпуштени и обесправени работници.

Можеме слободно да кажеме дека агресивноста на неолибералната политика, во Македонија во периодот 2010-2014 година претставува главен кулприт за контиунираната ерозија на работничките права, енормната класна раслоеност и намалениот животен стандард, кои се неопходен предуслов за остварување на што поголема „флексибилизација“ на трудот, што во пракса не е ништо друго освен еуфемизам кој означува дополнителна дерегулација на пазарот на трудот, намалување на вредноста на работникот во работниот процес, негова уште поголема експлоатација, обесправување и осиромашување.

PDF, MOB and PUB attachments: 
PDF icon download publication
Partner: 
68
Publisher: 
Solidarnost, Skopje 2015.
Short subtitle: 
Aвтори: Мартин Краљевски/Дејан Лутовски/Ивица Костовски

Source URL: http://stage.rosalux.rs/all/obezvrednuvanje-na-trudot-2