БОГАТСТВОТО И СИРОМАШТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

"Општествените прилики во некои од поранешните југословенски републики се добро познати по тоа што се најлоши во Европа, поради примената на строги неолиберални политики по распаѓањето на федерацијата. Уште од стекнувањето на независноста, повеќе од 20 години, Македонија е на социјалното дно во Европа. Висока невработеност, висока сиромаштија, бесперспективност. Многу студии се напишани на овие теми во последните години. Но, често, па дури и пречесто, сите тие студии се сведуваат на констатирање факти и на беззабо ламентирање над застрашувачката социјална слика на нашата земја. При тоа, не се проблематизира недостатокот на вистинска политичка волја да се решат социјалните проблеми, не се доведува во прашање доминантната економска филозофија од која се водат елитите во својот пристап кон "решавањето" на проблемите, ниту пак му се посветува внимание на придружниот процес на осиромашувањето на мнозинството – збогатувањето на малцинството."

PDF, MOB and PUB attachments: 
PDF icon download publication
Partner: 
68
Publisher: 
Левичарско движење “Солидарност”, Скопје, 2013.
Short subtitle: 
Автор: Здравко Савески

Source URL: http://stage.rosalux.rs/all/bogatstvoto-i-siromashti%D1%98ata-vo-makedoni%D1%98