СИНДИКАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Во последните три декади, почнувајќи од распадот на претходниот систем до воспоставување на капиталистичко општество, организираниот труд во македонското општество претрпи големи промени. Следователно на тоа, може да се рече дека нивниот идеолошки профил заедно со нивната организациска структура помина низ серија на реструктурирања. Тие капацитети остануваат предмет на континуирани промени, поради што нивната организациска иднина не е лесно предвидлива. За да се добие подобар преглед на промените кои следат, трудовите студии ги земаат предвид сите индикатори кои можат да влијаат врз работничките организации. Тоа значи дека потребен е интердисциплинарен пристап кој ќе ги земе предвид историските, економските, социјалните и психолошките аспекти за да може подобро да го утврди политичкиот потенцијал на работниците.