ЗАДРУГИ ЗА 21 ВЕК

Subtitle: 
Алтернативен модел за економска демократија и развој во Македонија

Кооперативите или задругите во практика и теорија во независна Република Македонија се среќаваат многу ретко. Во редовите што следат, преку историски и географски широко распослан преглед на постоечките практики ќе се покаже дека задругите сѐ позачестено се јавуваат како некој вид одговор на сѐ почестите и подлабоки кризи на современиот капитализам.

Историски, кооперативите се јавуваат како одговор на засилената капиталистичка индустријализација и концентрација на капиталот во деветнаесетиот век. А, слична реакција се случува и денес. Како видоизменети и осовремени, а сепак базирани на истите принципи, тие завземаат значаен удел во економиите и во развиените земји и во земјите во развој. Во овој труд ќе бидат разгледани искуствата од постоечки кооперативни економски модели со цел да се воочи нивниот потенцијал да донесат економски и политички развој во Македонија. Авторскиот тим на оваа студија е составен од членови на Левичарското движење Солидарност (ЛДС) решени на поттикнување на јавноста во земјата посериозно да се запознае со овој комплексен општествен и економски феномен, бидејќи сметаме дека тој содржи потенцијал за квалитетни решенија на хроничните проблеми на бескрајната македонска транзиција.

PDF, MOB and PUB attachments: 
PDF icon download publication
Partner: 
68
Publisher: 
Solidarnost, Skopje 2016.
Short subtitle: 
Aвтори: Јордан Шишовски et. al.

Source URL: http://stage.rosalux.rs/all/zadrugi-za-21-vek