ЖЕНИ И СИНДИКАТИ

Subtitle: 
Застапеност и работнички права во Република Македонија

Развојот на синдикатите, синдикалната структура и нивната транзициона трансформација по осамостојувањето на Република Македонија се области за кои има недоволен број на достапни истражувања. Особено недоволно се истражени родовите аспекти нa синдикалното организирање и улогата на жените работнички и синдикалки во заштитата и унапредувањето на нивните работнички права.

Родовата нееднаквост е присутна во сите сфери на економската активност на жените и особено е изразена кај (не)вработувањето, родовиот јаз во платите, дискриминацијата на работното место, професионалното напредување, родовата сегрегација во пониско платените индустрии, неформалната работа и неплатениот труд (Платформа за родова еднаквост, 2015; Малеска и К. Србијанко, 2015; Петрески и М. Блажевски, 2015; Коруновска, К. Србијанко и Малеска,, 2012). Во ваквиот постоен контекст, основната цел на ова истражување е придонес кон нови сознанија за улогата, влијанието и активностите на синдикатите, работничките и синдикалките во подобрувањето на положбата на жените работнички во Македонија.

PDF, MOB and PUB attachments: 
PDF icon download publication
Partner: 
68
Publisher: 
Solidarnost, Skopje 2016.
Short subtitle: 
Марија Башевска/Елена Б. Ставревска

Source URL: http://stage.rosalux.rs/all/zheni-i-sindikati